-->
-->
Поранешниот менаџер на Шумахер: Го советував да не се враќа во 2010-та
-->
Поранешниот менаџер на Михаел Шумахер – Вили Вебер откри дека тој го убедувал легендарниот пилот да не се враќа во Формула 1 во 2010 година.
Седум кратниот светски шампион во Ф1, кој ќе наполни 50 години оваа недела, се повлече првично од спортот во 2006 година, но потоа се врати како натпреварувач на Мерцедес.
– Дали го советував да се врати? Воопшто не. Го повикав и реков: „Те молам, не го прави тоа. Можеж само да изгубиш од тоа! Тој беше 7-кратен шампион и не мораше ништо да докаже. Но, Михаел навистина сакаше да вози. Мислев дека сè ќе биде во ред, повторно нека вози, само без мене. Ние се разделивме како пријатели, а потоа разговаравме стотици пати по телефон, на кафе или вечера, изјави Вебер за „Абендцајтунг“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка