Поранешниот државен секретар на САД Колин Пауел почина од последици од Ковид-19
Поранешниот државен секретар на САД, Колин Пауел починал од последиците од инфекција со коронавирус иако бил вакциниран со две дози. Имал 84 години.
Генералот Колин Л. Пауел, поранешен државен секретар на САД и претседател на Здружениот штаб, почина утрово поради компликации предизвикани од Ковид -19“, напишало семејството Пауел на Фејсбук, истакнувајќи дека биле целосно вакциниран.
Пауел бил професионален војник чија кариера од борбената должност во Виетнам го доведе до позицијата прв советник за национална безбедност на крајот на претседателството на Роналд Реган и најмладиот и првиот афро-американски претседател на Здружениот началник на Генералштабот на САД под претседателот Џорџ Х.В. Буш.
Неговата популарност скокна за време на Заливската војна, и извесно време во средината на 1990-тите, многумина мислеле дека ќе стане првиот афро американски претседател на Соединетите држави.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море