Живот
1. February 2019 - 11:19

Поради оваа снимка, едни го нарекуваат таткото “легенда”, а други тврдат дека го злоставува својот син

На “Viral Hog” се појавила снимка од еден татко од Охајо кој го чистел снегот на автомобилот – со својот син. Снимката станала хит на социјалните мрежи, но не на сите им се допаднала истата.
 
Додека некои ја нарекуваат оваа идеја “генијална“ и таткото го нарекле легенда, други ја окарактеризирале како злоставување.
 
“Тука во Монклова, Охајо имаме многу снег. Мојот сопруг и детето излегоа да си играат со снегот, а јас го замолив да го исчисти нашето возило додека е надвор. Следно што знам, сопругот ме праша дали имаме селотејп некаде низ куќата. Излегов надвор само за да дознаам дека тој планира да ги залепи глуждовите и зглобовите на нашиот син за да не се натопи. Потоа го снимив ова видео во кое мојот сопруг го користи синот како алатка за отстранување снег, а тој многу се забавуваше!”, вели мајката која го снимила видеото.
 
И покрај фактот дека малиот е облечен во слоеви топла облека, некои на Јутјуб го нарекле ова “неприфатливо и одвратно” и го окарактеризирале како злоставување. “Глупави Американци” е уште еден од коментарите на Јутјуб.
 
“Не сум сигурен дали станува збор за злоставување или квалитетно поминато време помеѓу еден татко и син”, се прашувале некои.