Живот
31. July 2019 - 11:35

Поради ова го засакаа ѕидот на Трамп на границата со Мексико: Наместо да раздвојува, сега ги зближува

Славниот ѕид на Трамп на границата со Мексико конечно најде и забавна цел, така што стана игралиште за стари и за млади.

Имено, проектантите Роналд Раел и Вирџинија Сан Фратело веќе подолго време работат на прокети кои ги бришат границите меѓу уметноста и архитектурата, а посебно оние кои се однесуваат на вистинските, државни граници.

Еден од нивните проекти, кој го осмислија ушта 2009 година, реализиран е сега, во време на најголемите тензии околу ѕидот на границата. Металните клацкалки, во флуоресцентна пинк боја, монтирани се на конструкцијата на граничната ограда така што на линијата на разграничување се создаде вистинско игралиште.

На овој начин, симболот на раздвојување на луѓето е претворен во забава кој е невозможна без спојување, односно учество на двете страни.

Ги симболизира не само добрите соседски односи, клацкалките предизвикаа бран на насмевки и среќа меѓу жителите на Ново Мексико од една и Колонија Анапра од друга страна.

Како што се гледа од снимките објавени на Фејсбук, на ова необично игралиште исто ужуваа и постарите и помладите посетители.