Македонија
28. January 2018 - 12:02

Поради неисправен оџак до темел изгоре семејна куќа во струмичко Дукатино

Вчера рано утрото околу 02,20 ч. во с.Дукатино, стумичко, избувнал пожар во куќа сопственост на З.Р.(34). Од страна на Територијална противпожарна заштита пожарот е изгаснат, а куќата е целосно опожарена.

Повредени лица нема.

Увид е извршен од страна на екипа од Секторот за внатрешни работи Струмица и од Дирекција за заштита и спасување.

Пожарот настанал поради неисправен оџак поставен помеѓу детската и спалната соба.