Живот
31. December 2015 - 9:26

Поради глушец во кокпитот авион се врати на писта од каде полетал

Авион на Ер Индија со повеќе од 200 патници се врати во Мумбај откако по повеќе од три часа лет во кокпитот бил забележан глушец.

Во соопштение на Ер Индија се вели дека екипажот на авионот на лет за Лондон одлучил да се врати во Мумбај „пради безбедноста на патниците“ иако присуство на глушец не било потврдено.

Глувците се сериозна закана за безбедноста на авионите бидејќи може да прегризат жици и оштетат инструменти во внатрешноста на леталата. Во јули во авион на таа компанија на лет од Њу Делхи за Милано беше забележан глушец по што леталото се врати на аеродромот во Њу Делхи.