-->
-->
Поради еден пост на „Фејсбук“, загубиле сѐ што имале
-->
Беки Знек и нејзиниот свршеник Марк Хигинс ги изгубиле сите работи што ги поседуваат откако, за да се преселат ангажирале компанија која ја пронашле на „Фејсбук“.
– Го најдов профилот на „Фејсбук“ каде што имаа доста позитивни оцени и коментари. Се договорив со мојот свршеник и ги повикавме. Дојдоа навреме, како што се договоривме, а за околу еден час веќе спакуваа сѐ што имавме, раскажала Беки.
Дел од работите биле во кутии, а другите парчиња мебел и останатите предмети ги замотале во заштитна пластика. За кратко луѓето кои ги ангажирале им рекле дека се брзаат и дека имаат друга обврска за еден час, што набрзо откриле дека е лага.
– Поминаа околу 45 минути откако тргнаа со возилото полно со нашите работи од станот, но нив се уште ги немаше пред адресата која им ја дадовме. Ги барав повеќе од 40 пати на телефон, но не успев да ги добијам, изјавила Беки.
Во својот нов дом тие останале само со 7-месечното бебе помеѓу празни ѕидови. Целата заштеда која ја имале претходно ја инвестирале за да отворат кафуле.
– Некои луѓе ни помогнаа со тоа што ни донираа мебел, но сепак сеуште ги немеме сите неопходни работи за домот. Освен работите вредни околу 11 000 евра, ние изгубивме и наши спомени, фотографии, драги предмети и подароци. Сето тоа го однесоа со своето комбе крадците од лажната фирма за селење, завршила Беки.
Случајот го пријавиле во полиција, која работи на откривањето на овие криминалци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово