Македонија
11. July 2019 - 19:23

Поповски од Лондон: За една година од последните стигнавме на врвот во регионот

– Го ослободивме медиумскиот простор и гарантиравме целосна слобода на медиумите без никаков притисок. Се определивме за нулта толеранција за напади и насилство врз новинарите и медиумските работници. Даваме целосна поддршка за само регулација и почитување на професионалните и етичките стандарди и борбата против говорот на омраза во медиумите. Медиумското образование е исклучително важно, имајќи предвид дека медиумите и информативната писменост се клучен фактор кој им овозможува на поединците да ги следат медиумите на сопствен начин, истакна министерот задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност Роберт Поповски на Меѓународната конференција за слободата на медиумите во Лондон.