Попоски се сретна со Омри Сигелман, директор за глобална безбедност при Светскиот еврејски конгрес
Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска имаше средба со Омри Сигелман, директор за глобална безбедност на Евреите при Светскиот еврејски конгрес.
На средбата се разговараше за актуелни прашања поврзани со безбедноста на Еврејската заедница на глобално и регионално ниво а во светлина на зголемените безбедносните предизвици со кои Евреите се соочуваат, како и за безбедносните закани кои произлегуваат од тековната бегалска криза, соопшти МНР.
Попоски го запозна Сигелман со соработката меѓу државните институции на Република Македонија и Еврејската заедница која е на исклучително високо ниво и резултира со низа заеднички иницијативи на планот на сеќавањето, образованието и истражувањето на Холокаустот. Исто така, го запозна и со активностите кои Владата ги презема во однос на бегалската и мигрантската криза. Соговорниците разговараа и за одличните билатерални односи помеѓу Република Македонија и Државата Израел.
Сигелман искажа позитивни оценки за севкупниот однос на Република Македонија кон Еврејската заедница во нашата земја, се вели во соопштението од МНР
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите