Македонија
1. September 2015 - 8:35

Попоски на Бледскиот стратешки форум

Министерот за надворешни работи Никола Попоски ќе учествува на 10. Бледски стратешки форум, кој се одржува во Блед, Република Словенија.

Како што соопшти МНР, форумот оваа година ќе биде под насловот, „Визии на нови партнерства“, а воведни обраќања ќе имаат претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, претседателот на земјата домаќин, Борут Пахор, претставникот на генералниот секретар на ОН, Кристијан Фрис Бах,  премиерот на Големото војводство Луксембург, Ксавиер Бетел, претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ,  претседателот на Владата на Србија, Александар Вучиќ и генералниот секретар на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Ламберто Заниер.

Министерот Попоски ќе учествува на панел дискусијата „Западен Балкан: Регионот во центарот на геостратешки размислувања”, во рамки на кој ќе се обратат и шефовите на дипломатиите на Албанија Дитмир Бушати, на Турција Мевљут Чавашоглу, на Босна и Херцеговина Игор Црнадак, на Бугарија Даниел Митов, на Унгарија Петер Сијарто, вицепремиерот и министер за надворешни работи на Косово Хашим Тачи. Пред присутните ќе говорат и заменик помошникот државен секретар за европски и евроазиски односи во Стејт-департментот Хојт Ји, германскиот државен министер за европски прашања Михаел Рот, министерот за европски односи на Француска Република Арлем Дезир, како и директорот за истражување и професор на францускиот Центар за меѓународни студии, Жак Рупник. 

На маргините на форумот, предвидени се и билатерални средби на министерот Попоски.