Поплави и свлечишта во Германија
Поројните врнежи и топењето на снегот предизвикаа поплави и свлечишта во јужна Германија, соопшти денеска локалната полиција.
Стотина луѓе биле евакуирани од градот Санкт Блазиен како мерка на претпазливост, пред да дојдат ноќните временски услови, за кои се предупредува дека ќе се влошат.
Во другите делови на провинцијата Баден-Вуртемберг пријавени се поплавени патишта.
Во провинцијата Баварија реките поплавиле подруми и гаражи.
Речниот сообраќај на реката Мозел и дел од реката Некар е во прекин, а во деновите што следуваат оваа мерка може да се прошири и за Рајна.
Во многу области на провинцијата Рајнланд-Пфалц пријавен е поплавен имот.
Метеоролозите прогнозираат дека во наредните денови ќе врне уште повеќе дожд и се очекува нивото на реките да продолжи да расте.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анита Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна