Ф1
31. March 2019 - 11:23

Попладнево се вози ГН на Бахреин

Попладнево од 17.10ч се вози ГН на Бахреин од шампионатот во Ф-1. Младиот возач на  Ферари, Шарл Леклер, ја освои својата прва пол – позиција во кариерата. Беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Бахреин и го извозе и најбрзиот круг во историјата на патеката. Како втор во квалификациите заврши Себастијан Фетел, исто така од Ферари, додека како трет ќе стартува првакот Луис Хамилтон. Валтери Ботас, исто од Мерцедес, ќе ја започне трката од четвртата позиција.