Помпео: Шокантни и вознемирувачки се наводите дека Кина присилно ги стерилизира муслиманите
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера ги оцени како шокантни и вознемирувачки наводите дека Комунистичка партија на Кина користи принудна стерилизација и абортуси против муслиманите.
Помпео повикувајќи се на извештајот за ситуацијата во Синџијанг на германскиот истражувач Адриан Ценц наведе дека Комунистичката партија на Кина „покажува крајно непочитување на светоста на човековиот живот и основното човеково достоинство“.
– Апелираме до Комунистичката партија на Кина веднаш да ја прекна оваа ужасна пракса и бараме од сите земји да им се придружат на САД во барањето за престанок на тоа нехумано злоставување, истакна Помпео.
Ценц тврди дека анализата на кинеските владини документи покажува дека природниот наталитет на жителите во Синџианг „драматично се намалил“ односно во двете најголеми ујгурски муслимански префектури стапката на раст се намалиле за 84 проценти во периодот од 2015 до 2018, како и во 2019 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација