Свет
15. September 2019 - 9:38

Помпео го обвини Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија

САД ги осудија во саботата нападите врз нафтените постројки во Саудиска Арабија за кои државниот секретар Мајк Помпео го обвини Иран и ги отфрли тврдењата на јеменските шиитски бунтовници кои ја преземаа одговорноста за последователните напади со дронови.

Јеменските бунтовници од шиитската етничка заедница Хути (Хусити), кои ги поддржува Иран, објавија дека во најновиот напад со беспилотни летала со десет дронови ја нападнале најголемата саудиска нафтена постројка во Абкаик и му ветија на режимот во Ријад поголеми и поболни следни операции, доколку не ја прекине агресијата врз Јемен.

Претходно ноќта кон саботата беше објавено дека две рафинерии за нафта биле нападнати со дронови по што избувнале пожари. Двете постројки се во сопственост на државната компанија „Saudi Aramco“, во регионот Абкаик на истокот од земјата, и Кураис, источно од Ријад. Во Абкаик, 60 километри југозападно од Дахран во саудиската Источна покраина, се наоѓа најголемата светска рафинерија на нафта. Во Кураис, 190 километри југозападно, се наоѓа второто според големината нафтоносно поле во Саудиска Арабија.

За жртви и настрадани, како и за степенот на штетите на постројките сѐ уште нема официјални информации. Во меѓувреме, како што пренесе агенцијата Reuters, инцидените сериозно влијаеле врз саудиската нафтена индустрија и предивикале намалување на производството за 5 милиони барели дневно. Подоцна повикувајќи се на информирани извори, агенцијата пренесе дека делумното запирање на производството била мерка на „претпазливост“ и оти „најголемиот дел од изгубениот капацитет ќе биде вратен за неколку дена“.

Саудиската државна телевизија во саботата вечерта објави дека нападот не го нарушил извозот на нафта. Меѓутоа, весникот Тhe Wall Street Journal и телевизијата CNN, повикувајќи се на неименувани извори истовремено пренесуваат дека Саудиска Арабија го намалила дневното производство за 5 милиони барел, што е речиси половина од нејзиното целокупно производство, односно 5 отсто од вкупното светско производство.

„САД остро ги осудува нападите врз критичната енергетска инфраструктура. Насилните акции врз цивилни подрачја и инфраструктурата витална за глобалната економија само ги продлабочуваат судирот и недовербата“, изјави портпаролот на Белата куќа, Џад Диер. Соединетите држави ќе се погрижат нафтените пазари да бидат снабдени по нападот врз саудските нафтени постројки, наведува уште Белата куќа.

Меѓутоа, шефот на американсата дипломатија, Мајк Помпео за нападите го обвини Иран.

„Техеран стои зад речиси сто напади врз Саудиска Арабија додека (иранскиот претеседател Хасан) Роухани и (министерот за внатрешни работи Џавад) Зариф лажно се преправаат дека бараат дипломатско решение. И покрај сите повици на деескалација, Иран сега изведе невидени напади врз светскиот снабдувач со нафта. Нема никакви докази дека нападите биле изведени од Јемен. Ги повикуваме сите земји јавно и безусловно да ги осудат нападите од Иран“, напиша на Twitter Помпео.

Портпаролот на Белата куќа потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп претходно во саботата телефонски разговарал со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и ветил помош во „самоодбраната“ на неговата земја.

Последните неколку месеци милицијата „Ансар Ала“ на Хуситите ги засили нападите со беспилотни летата врз соседна Саудиска Арабија која од 2015 година ја предводи коалицијата на сунитските држави против нив и другите бунтовници против владата на Јемен која Ријад ја поддржува.

Арапската сунитска коалиција соопшти дека ги истражува нападите со дронови и ќе се спротистави на „терористичката“ закана за светската енергетска безбедност. Портпаролот на коалицијата, полковникот Турки ал-Малики, изјави дека коалицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за да ја „одбрани националната сопственот, меѓународнорната енергетска безбедност и да осигури стабилност на светската економија“.