Бизнис
23. November 2016 - 20:26

Помош од регионалната комора за земјоделците од карбинскиот регион

Регионалната стопанска комора со седиште во Штип ќе им помага на земјоделците од карбинскиот регион за достигнување на стандардите кои ги бара ЕУ за пласман на домашното производство на европскиот пазар. За таа цел,  потребна е модернизација на самиот производствен процес и поголеми инвестиции.

- Ќе ги запознаеме пред се се можностите за развој на земјоделското стопанство и начинот преку кој ќе се дојде до поголеми приноси, добивки и поголеми можности за инвестиции-изјави наум Барзов, претседател на Регионална комора со седиште во Штип

 Во општина Карбинци егзистираат повеќе стопански субјекти кои работат на откуп и преработка на земјоделски производи.

- Да помогнеме на нашето стопанство во општина Карбинци, да може да се развива, да ги согледува сите тие бизнис прилики кои ќе значат развој на општината, на една ваква мала рурална средина-изјави Зоран Минов, градоначалник на О. карбинци

Согласно ингеренциите, комората преку советодавни тела ги запознава своите членки со условите на производство на здрава храна, што значи интегрирано земјоделско стопанисување кое гарантира дека влезната суровина во преработувачките капацитети е произведена на безбеден начин.