Помалку договорени, а повеќе извршени градежни работи во странство

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември 2015 година, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 3.412.089 илјади денари што е за 52,7 отсто помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.666.315 илјади денари што е за 136,7 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Хрватска, Италија, Србија, Босна и Херцеговина и Холандија, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Полска, Словенија, Малта и Грција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов директор на ДЗС
-

Келог: Мировниот договор за Украина е „На последните 10 метри“
-

УЈП: Секоја четврта фирма не издава фискални сметки
-

ВМРО-ДПМНЕ најавува промени - СДСМ очекува предвремени избори
-

ВМРО-ДПМНЕ негира дека ќе се градат бегалски кампови, СДСМ тврди дека се подготвува национално предавство
-

Потребно е итна реформа на студиските програми според потребите на пазарот на труд
-

Младиот кадар, најголем дефицит во комуналниот сектор
-

Охрид ќе развива циркуларен туризам
