Свет
3. October 2022 - 13:35

Полска би ги запрела дипломатските контакти со Русија доколку ЕУ го стори тоа

Рускиот амбасадор во Варшава денеска е повикан во полското Министерство за надворешни работи за да му се соопшти осудата за нелегалните референдуми и анексијата на украински територии од минатата недела, како и заканите на Русија кон светскиот мир, вклучувајќи ја и заканата кон Полска.

Но, државата без Европската Унија нема да го протера амбасадорот, пишуваат дел од светските медиуми. „Денеска се повикани руските амбасадори во земјите членки на Европската Унија. И ние го повикавме за да го изразиме нашиот став кон нелегалните одлуки на претседателот Владимир Путин за анексијата, исто така нелегална, на територијата на Украина.

Станува збор и за тоа дека Руската Федерција упатува закани кон светскиот мир, како и кон нашата земја“, информираше портпаролот на полското МНР, Лукаш Јашина. По средбата во полското МНР, рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андрејев негираше дека Русија го крши меѓународното право.