Половина од работниците во светот се плашат од автоматизација
Повеќе од половината работници во светот стравуваат поради автоматизација на работата и веруваат дека таа драстично ќе ја измени нивната професија.
Работниците се плашат од исчезнување на нивното работно место во следните десет години, се наведува во истражувањето спроведено од ПрајсвотерхаусКуперс.
Современата работна сила очекува од своите работодавачи да ги обучи за новата дигитална иднина, а повеќе од три четвртини од нив би научиле нови вештини или целосно би ја смениле својата професија со цел да ги зголемат шансите за вработување во иднина.
Резултатите од анкетата покажуваат дека дури 61 отсто сметаат оти технологијата ќе донесе позитивни промени во нивното вработување.
Мажите почесто од жените оценуваат дека технологијата ќе има позитивно влијание врз нивната работа, но и почесто учат нови дигитални вештини.
Претходното истражување кое го спроведе ПрајсвотерхаусКуперс покажа дека поради автоматизација, 30 отсто од сите професии ќе бидат загрозени до 2035 година.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализира својата коалиција
-
Еко акција во Прилеп
-
Штипска фирма доби забрана за работа поради загадување
-
Преглед на вести од светот
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите
-
Teма на денот со Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тројца приведени за убиството на матичниот доктор кај поликлиниката Железара – мотивот се уште непознат
-
Предизборно финале - партиите ги финализираат листите