Џет-Сет
22. July 2018 - 15:02

Полноќ, ѕвони телефонот...Цеца открива како го прослави роденденот и што и беше изненадување таа вечер

Светлана Цеца Ражнатовиќ на 14 јуни го праслави 45. роденден, а сега откри на што тој ден и било насочено вниманието.

пејачката на социјалните мрежи сподели фотографија од наследничката Анастасија, која заплива во музичките води и постигна голем успех со својот сингл, па додаде трогателна порака:

"Најнеобичен пречек на роденденот. Полноќ, ѕвони телефонот, стигаат честитките за 45. роденден, а моето внимание е на друго место - снимањето на твојот спот. Доаѓам и те гледам тебе како блескаш во новата улога. На денот на моето раѓање, почна да се создава твојата музичка кариера... 14. јуни е значаен за нас двете, а само месец дена подоцна, јас сум горда мајка“, напиша пејачката на својот Инстаграм.