Свет
21. November 2017 - 10:05

Политичка криза во Германија по неуспехот за формирање влада

Германската канцеларка Ангела Меркел се соочува со најголемата политичка криза во нејзината кариера по пропаѓањето на преговорита за формирање нова влада на земјата по септемвриските парламентарни избори.

„Њујорк Тајмс“ оценува дека неуспехот на Меркел да обебзеди парламентрано мнозинство за формирање стабилна влада предизвикува потрес во полиитчки и економски најмоќната држава во Европа.

Весникот оценува дека неуспехот на демохрстиијаните на Меркел, либералите и зелените за формирање влада, ги зголеми шансите за одржување предвремени избори во Германија, семо два месци по последното гласање за Бундестагот, по кое изгледаше дека актуелената канцеларка обезбеди сигурен четврти мандат на функцијата.     

По пропаѓањето на преговорите Меркел изјави дека се уште се надева дека ќе обезбеди парламентарно мнозинство за формирање влада, додавајќи дека ако биде ставена пред изборот малцинска влада или предвремени избори, таа би се решила за ново гласање за членови на Бундестагот,

„Њујорк Тајмс“ наведува дека некои аналитичари веќе се обидуваат случувањата во Германија да ги толкуваат како резулатат на „пошироката криза на демократијата на Западот“.

Ангела Меркел

Други, меѓутоа, сметаат дека проблемите во Германија во основа се знак дека земјата станува понормална, имајќи предвид дека од 1982 година на канцеларската функција се сменија само четири лица и долги години на чело на државата се центристички влади, кои функционираат по принципот на консензус, додава весникот.

Кризата, до која дојде само седум недели по парламентарните избори на кои во Парламнетот влезе и екстремната десничарска партија Алтернатива за Германија (АФД), во извесна смисла ја вратија политиката во Германија, каде одамна немало дебати и политички несогласувања, заклучува „Њујорк Тајмс“.

Лондонски „Гардијан“ смета дека политичката криза во Германија е показател за намаленото влијание на Меркел на внатрешен план по 12 години мината на канцеларската функција.

Според весникот, падот на влијанието на Меркел се должи на бегалската криза од 2015 година, која предизвика несогласувања во владината коалиција.

Таа од изборите во сепрември излезе ослабена, освојувајќи 33 отсто од гласовите, Иако нејзината партија беше победник на изборите, гласачите првпат им дадода доволна поддршка на шест партии за влез во Парламентот, оценува „Гардијан“, додавајќи дека некои конзервативни гласачи, пред се на истокот од земјата, се определија наместо на демохристијаните својата поддршка да и ја дадат на десничарската АФД, која освои 13 отсто од гласовите.  

Ангела Меркел

Според „Гардијан“, евентуални нови парламентарни избори ќе создадат можност за отпочнување нова „пост-Меркел ера“, бидејќи не е сигурно дека таа ќе успее да ја задржи лидерската функција во партијата ако не формира влада, 

Германскиот „Велт“ пак оценува дека „ерата на Меркел се ближи кон својот крај“.

Досега мотото на канцеларката беше „нема алтернатива“, со кое постигна забележителни успеси, пред се на меѓународната сцена, Во исто време, таа предизвика деполитизација на политиката, пред се на внатрешно-политички план, коментира германскиот весник.

Сппоред „Велт“, неуспекот на Меркел да формира влада, сепак, има и добра страна, бидејќи може да донесе и нешто ново.