Полицискиот час од среда се продолжува од 16 до 05 часот
Владата на Република Македонија на предлог на Комисијата за заразни болести во рамки на Министерството за здравство и Генералниот кризен штаб, донесе дополнување на Одлуката за забрана за движење на граѓаните во целата територија на државата, односно за продолжување на полицискиот час на целата територија на државата. Се забранува движењето за сите граѓани на ниво на целата територија, секој работен ден, од понеделник до петок, од 16:00 часот до 05:00 часот наредниот ден, објави на фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
За лицата над 67 годишна возраст се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 10:00 до 12:00 часот.
За младите лица до 18 години се забранува движењето во текот на сите работни денови, од понеделник до петок, освен во периодот од 13:00 до 15:00 часот.
За време на викендот се забранува движењето за сите граѓани од петок во 16:00 часот до 05:00 часот во понеделник.
Според одлуката, се забранува движењето на граѓаните на јавни места и јавни површини во групи поголеми од две лица, при што тука не се вбројуваат лицата помали од 14 години, доколку се деца на родител кој е дел од групата од двајца.
Новите ограничувања стапуваат во сила во среда, 8 април 2020 година во 16 часот.
За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.
Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи.
Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при шти тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено, напиша Спасовски на ФБ.
Ново на Сител
-
Тухел за натпреварите со Реал: Баерн ќе игра против најголемиот клуб во светот
-
Соработувале со Русите и планирале да ја саботираат армијата, Германија уапси две лица
-
Приведени крадци во Битола
-
Гвардиола: Главната работа во фудбалот е да постигнеш гол
-
Артета: Арсенал имаше многу периоди на доминација, но тоа не беше доволно да го поминеме Баерн
-
Анчелоти е прв кој три пати го исфрли Гвардиола од ЛШ
-
Приватна средба на полскиот премиер со Трамп
-
За брзо возење казни за 140 возачи на територија на цела држава