Полицијата во акција - се казнуваат пешаци и возачи
Полицијата е секојдневно низ скопските улици. Казни на секоја страна.
Но, и покрај казните, возачите, но и пешаците не се освестуваат да почитување на правилата.
Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи за неправилно престројување и 19 возачи кои во своите возила не поседувале пропишана зимска опрема. Од сообраќај биле исклучени еден возач кој го управувал возилото под дејство на алкохол, 16 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и тројца возачи почетници, како и 10 нерегистрирани возила. Санкционирани биле и осум пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин и седум пешаци кои поминале коловоз на црвено светло. Затекнати биле 107 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 64 возила.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите