Македонија
15. October 2018 - 16:25

Полицијата трага по извршителот на убиството од Мала Речица

Вооружен со пиштол се уште  на слобода е осомничениот за убиството во Мала Речица. Еден ден по настанот полицијата уште не го пронашла мажот кој со два куршуми ја застрела својата сопруга.

Сторителот избегал  со својот автомобил во непознат правец. Обвинителството ги истражува мотивите за убиството и ги вештачи трагите и доказите. Телото на починатата е предадено на обдукција. 

Убиената неколку дена престојувала во Речица во куќата на своите мајка и брат. 53 годишниот тетовец доцна вечерта дошол кај неа и ја повикал да разговараат по што ја застрелал со пиштол.

Откако тргнал да бега со пиштолот пукал и во такси возило кое било во близина на улицата „Љуботенска“. Таксистот не е повреден но во автомобилот пронајдени се неколку проектили.