Македонија
13. September 2018 - 10:38

Полицијата трага по 15-годишно девојче од Карбинци, излегло од дома и не се вратило

Вчера во 13.00 часот во Полициската станица Штип, Б.Т.(39) од  село Кучица, општина Карбинци, пријавил дека на 08.06.2018 година околу 10.00 часот од домот во непознат правец заминала неговата 15-годишна ќерка.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.