Полицијата со солзавец ги спречи демонстрантите да дојдат пред Иранската амбасада во Париз
Француската полиција вчера употреби солзавец за да ги спречи илјадниците луѓе кои протестираа против задушувањето на демонстрациите во Иран да стигнат до Амбасадата на Исламската Република во Париз.
Околу четири илјади луѓе, според полициските податоци, се собраа вчера втор ден по ред на протести против убиството на 22-годишната Махса Амини, уапсена на 13 септември во Техеран од специјалната полциција за морал затоа што носела „несоодветна облека“.
Француската полиција соопшти дека протестот започнала на плоштадот „Трокадеро”, по што протестната поворка се упатила кон Иранската амбасада, попатно повторувајќи ги слоганите „жена, живот, слобода“ што ги извикуваа учесниците на протестите во Иран.
Учесниците на демонстрациите испратија и пораки на критика до францускиот претседател Емануел Макрон заради ракувањето со неговиот ирански колега Ебрахим Раиси за време на нивниот состанок на 20 септември на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк, посветен на разговорите околу иранската нуклеарна програма.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка