Македонија
1. јуни 2018 - 11:31

Полицијата пронајде мигранти во напуштено возило во село Речица

Полицијата пронајде пет Пакистанци и Индиец во автомобил што по бегство од полицијата бил оставен од возачот на влезот на село Речица.  

На регионалниот пат село Речица - село Ваксинце ноќеска во 00:50 часот полициски службеници дале знак за сопирање на патничко моторно возило „Опел Синдра“, но автомобилот не запрел и се упатил кон село Речица.

- Возилото е пронајдено оставено покрај патот на влезот во селото, а возачот го напуштил местото на настанот. Во возилото се пронајдени пет лица од Пакистан и едно лице од Индија, по што се приведени и предадени во СВР Куманово за понатамошна постапка, информира Министерството за внатрешни работи во деневниот Билтен.