Македонија
29. March 2021 - 17:05

Полицијата пронајде 32 мигранти во комбе во близина на с. Марвинци

На 28.03.2021 во 06:00 часот на магистралниот пат во близина на с.Марвинци, во координирана акција на полициски службеници од Регионален центар за гранични работи Југ и од Полициска станица за граничен надзор Богородица било забележано товарно возило комбе „пежо боксер“. 

По запирање на возилото во него се пронајдени 32 лица мигранти. За случајот е известен Јавен обвинител, а по целосно расчистување на случајот против возачот ќе биде поднесен соодветен поднесок.