Полицијата казни 157 возачи во Скопје, дури 56 од нив возеле пребрзо
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 157 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се и 13 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, осум мерки за поминување на затворен сигнал (црвено светло), четири за прекршоци што ги прават пешаците, осум мерки за користење на мобилен телефон...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски