Македонија
31. May 2020 - 21:29

Полицијата ги засили контролите над 1000 казни за два дена

Министерството за внатрешни работи ја заострува казнената политика за непочитување на мерките за заштита од коронавирусот. Само во последните четири дена полицијата казнила над две илјади и 100 лица за неносење на маски и заштитна опрема.

По наглиот пораст на бројот на новоинфицирани во последните денови, од МВР велат дека ги засилуваат контролите и патролите во потрага по лица и објекти кои не ги почитуваат рестриктивните мерки.

„Апел до граѓаните за строго почитување на мерките упати и премиерот. На тоа не обврзува најновата здравствена ситуација во земјава“, вели Спасовски.

Иако бројот на заболени расте, уверува дека нема простор за паника. Премиерот со напомена -  рестриктивните мерки за најзагрозените подрачја ќе зависат исклучиво од граѓаните и нивното почитување на рестриктивните мерки.

Низ градот различна слика. Во затворените објекти строго се почитува мерката за носење на маски, но ситуацијата е малку поинаква во полуотворените простори, или пак онаму каде што постои можност за групирање на повеќе лица.

Граѓаните велат дека главно ја почитуваат мерката, секогаш кога има потреба за тоа.

Пред повеќе од еден месец Владата донесе одлука за задолжително носење на заштитна опрема во сите затворени објекти, или пак онаму каде што не може да се одржи физичката дистанца од два метри.

Казната за граѓаните е 20 евра, додека за правните субјекти казната изнесува две илјади евра.