Полицијата апсеше дилери на дрога во Скопје и Тетово
Денеска во 00.05 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коце Металец“, ги лишиле од слобода Б.Е.(20) од Демир Капија и В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана.
Денеска во 02.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода В.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Вчера во 18.15 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Блаце, на локалниот пат од Скопје за с.Блаце, ги лишиле од слобода С.М.(25) од Скопје и М.А.(30) од Тетово, затоа што при извршен прегледкај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.
Вчера бил лишен од слобода Д.И.(60) од Тетово, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом и помошните простории на ул.Јордан Златановски во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово била преонајдена кафеава прашкаста материја.
Вчера во 14.30 часот биле лишени од слобода Н.И.(19), С.Р.(19), И.Р.(24), сите од с.Калиште, тетовско, и М.И.(19) од с.Чегране, тетовско, кај кои при преглед од страна на полициски службеници од Полициска станица Гостивар била пронајдена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација