-->
-->
Полицајци му дале знак да застане, а тој се обидел да избега - го фатиле со мигранти
-->
Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ вчера во 18.50 часот на регионален пат Удово - Демир Капија, во близина на с.Градец го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово. Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.
- Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Алтернaтива: Изречените казни за пожарот во модуларната болница во Тетово се втор пожар
-
Полицијата пронашла мртов маж за кој се сомнева дека е напаѓачот во Љубљана
-
Две жртви во пукање во Љубљана
-
Нормализиран железничкиот сообраќај, исплатена априлската плата во ЖРСМ Транспорт
-
Ахмети: Уставните измени треба да се случат
-
Организаторите на Европското првенство во танци 2023 најавуваат возбудлив состав и почеток на натпреварите
-
Турските специјални сили пристигнаа на Косово за да му помогнат на КФОР
-
СПМ: Уставните измени се производ на уцени кои не се прифатливи за македонските граѓани