-->
-->
Полицајци му дале знак да застане, а тој се обидел да избега - го фатиле со мигранти
-->
Полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Богородица“ вчера во 18.50 часот на регионален пат Удово - Демир Капија, во близина на с.Градец го лишиле од слобода М.А.(23) од Лозово. Тој бил забележан како со возило „волво“, со италијански национални ознаки, превезува лица мигранти. Возилото било запрено, а тој се обидел да избега, но бил спречен и лишен од слобода.
- Притоа, во возилото биле пронајдени шест лица мигранти од Сирија, кои биле спроведени во прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка. М.А. бил приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски воведе санкции за 185 компании и поединци кои ја поддржуваат Москва
-
Силен земјотрес во Иран, најмалку тројца загинати и стотици повредени
-
Грлиќ Радман - Дачиќ: Соработката меѓу Хрватска и Србија е во интерес на двете земји
-
Акциски контроли во над 270 угостителски објекти, приведени лица за дрога и оружје
-
Ќучук: Има надворешни фактори кои не сакаат Бугарија и Северна Македонија да имаат добри односи
-
Полицијата вчера казни над 170 возачи во Скопје - 18 од нив возеле без возачка дозвола
-
СДСМ: Мицкоски може да учи како ефикасно се управува со енергетскиот сектор
-
Борел: Израел да не користи смртоносна сила како одговор на нападите, освен во краен случај