Бизнис
12. April 2017 - 19:50

Полесен пристап до капитал и реформи во образованието бара бизнис секторот

Полесен пристап до пари за поголемо производствто и поголем извоз. Бизнис секторот бара компаниите полесно да доаѓаат до средства за да можат да инветсираат во нови машини, да го зголемат производствто и да го подобрат квалитетот на производите.

Бизнис секторот бара и реформи во високото образование. Младите стручни кадри треба да донесат нови идеи и да придонесат за создавањето производи со поголема додадена врендост кои полесно се извезуваат.

Со доаѓањето на новите странски компании, структурата на македонскиот извоз е драстично сметена. Покриеноста на увозот со извоз изнесува над 73%, а до пред десетина година стигаше до 58%. Ова значи дека сега од Македонија се извезуваат производи со многу поголема додадена врендост, но  бизнис секторот смета дека во индустријата треба уште да се вложува.