Loading Video...
Ф1
25. September 2021 - 15:21

Пол-позиција за Ландо Норис на руското Гранд-при

 
 
Ландо Норис на Мекларен ќе ја има пол-позицијата на утрешната 15-тата трка во формула 1 шампионатопт што ќе се вози за Голематга награда на Русија. 
 
Британецот до својата прва овосезонска, а само вторта во кариерата пол-позиција стигна во денешните квалификации на патеката во Сочи, оставајќи го зад себе Шпанецот, Карлос Сајнц од Ферари за повеќе од половина секунда. 
 
И во вториот стартен ред ќе бидат двајца Британци и тоа од третата позиција ќе започќне пилотот на Вилијамс, Џорџ Расел, а од четвртата трката ќе ја почне актуелниот светски шампион Луис Хамилтон на Мерцедес. 
 
Актуелниот лидер во генералниот поредок Макс Верстапен од Ред Бул, трката ќе ја започне од последната позиција поради промена на морторот на неговиот болид. 
 
Инаку Верстапен во пресрет на утрешната трека има само пет бодови повеќе од Хамилтон.