Џет-Сет
26. October 2016 - 11:12

Пол Бити добитник на литературната награда „Мен Букер"

Американскиот писател Пол Бити ја доби годинешната литературната награда „Мен Букер" за својата книга „Распродажба" (The Sellout), која е негов четврти роман.

Победата на Бити претставува изненадување, бидејќи фаворит според букмејкерите беше книгата на Медлин Тиен „Не вели дека немаме ништо" (Do Not Say We Have Nothing). 

Покрај низ за наградата беа номинирани и „Врело млеко" (Hot Milk) од Дебора Леви, „Ајлин" (Eileen) од Отеса Мошфег, „Се што мажот е" (All That Man Is) од Дејвид Сали и „Неговиот крвав проект" (His Bloody Poject) на Греам Макри Барнет.

Наградата „Букер" е востановена во 1969 година и традиционално се доделува во палатата Гилдхол во Лондон. Во 2002 организаторите како спонзор ја добија корпорацијата „Мeн груп", со што наградата беше преименувана во „Мен Букер". До 2014, за наградата можеа да конкурираат само автори од Велика Британија, Ирска и од земјите од Комонвелтот.

Ова е трета година откако конкурсот е отворен за писатели од целиот свет, но само за дела напишани на англиски јазик.

Наградата за лауреатот изнесува 50.000 британски фунти.