Погледнете колкав е коефициентот за влез на Македонија во финалето на Евровизија
За влез на Македонија во финалната вечер на Евровизија обложувлниците во Македонија нудат коефициент од 2,25, а за победа на Евровизија дури 65.
Македонија има 6ти највисок коефициент во полуфиналната вечер на која според нив, извесно е дека место во финалето ќе заработи Бугарија за која се нуди 1,01, Романие со 1,03 и Холандија со 1,05.
Најмали шанси според кладилниците има Сан Марино. Ако се кладите дека ќе влезат во финале за секој вложен денар ќе добиете 7.
Во финалната вечер најголем фаворит е Италија со коефициент од 1,7.
Следи Португалија со 2,7 а сите останати се со двоцифрен коефициент а прва е Бугарија со 10.
На дното има повеќе изведувачи со коефициент 100, а Македонија е во претпоследната група. Ако се обложите на Јана, за секој вложен денар ќе имате можност да добиете 65 денари.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар