Погледнете какво време не очекува денес

Времето во Македонија ќе биде облачно. Во претпладневните часови се уште ќе има врнежи од локален дожд, но со послаб интензитет, повеќе ќе бидат застапени во источните делови на земјава. Во попладневните часови врнежите ќе престанат, а ќе има и сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од пет до 11, а дневната од девет до 13 степени.
Во Скопје изутрината ќе има услови за слаб дожд, а преку денот врнежите ќе престанат. Ќе има и сончеви периоди, а ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
Од сабота следува период на стабилно и суво време. Утрата ќе бидат релативно студени, а преку денот ќе има затоплување, односно температурата на воздухот ќе биде во благ пораст.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-

Протест за правосуден испит на албански
-

Министрите ќе може да имаат двојно државјанство, предлог законот на СДСМ не помина во Собрание
-

Сиљановска: Не бараме привилегии од ЕУ
-

Опозициски прашања во Собранието
-

ВМРО-ДПМНЕ: Коалревиќ и Абази одработуваат за СДСМ и ДУИ
