Поднесен Обвинителен акт за обид за убиство во Батинци
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – убиство.
– Делото за кое се товари обвинетиот го извршил во соизвршителство со уште еден осомничен за кого истражната постапка беше прекината затоа што тој е недостапен на органите на прогонот и по кого е распишана потерница, како и со уште едно непознато лице, соопштија од ОЈО.
Наведоа дека трите лица на 22 октомври минатата година во село Батинци со умисла се обиделе да му го одземат животот на едно лица.
– Додека оштетениот се движел по улицата со блиндирано патничко моторно возило марка „БМВ 750“ со германски регистарски таблици, тие пукале кон него со две автоматски пушки – калашникови и со пиштол. Оштетениот застанал со возилото, а кога осомничените му се доближиле со оружјето во рацете, тој го ставил возилото во движење и избегал, објаснија од ОЈО.
Ценејќи дека се уште постојат основите заради кои на обвинетиот првично му беше определена мерка притвор, велат од ОЈО, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Скопје Еден достави и Предлог за продолжување на оваа мерка.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право