Живот
28. April 2019 - 13:25

Подготовките се при крај – Тамара покажа што ќе носи на Евровизија

Се ближи 16-ти мај кога на 64-то издание на Евровизија, Тамара Тодевска со песната „Proud“ ќе ја претстави Македонија.

Македонскиот дизајнер Александар Ношпал ќе се погрижи за нејзиниот изглед, а според фотографијата која Тамара ја објави на Инстаграм, најверојатно ќе носи фустан. Од приложеното може да се види дека моделот ќе биде деколтиран, а според симболот од розово фустанче кое го стави Тамара, веројатно ќе ја видиме во едно моќно, доминантно и женствено издание.