Под велешка „Агриа“ од патот излета автомобил, повредено 19 годишно момче
Поради лизгавиот коловоз од дожд и брзо возење попладнево околу 18:30 часот на патот под АГРИА кон Велес со возило од патот излета 19 годишно момче. На местото на настанот се упати возило на СВР Велес за да ја утврди причината за несреќата.
Како што информира за МИА д-р Васил Пановска Поп Стефанова, началник на Брза помош, момчето се здобило со повреди на глава и му била укажана прва помош и во свесна состојба било однесено во Хирушките амбуланти на велешката болница.
Таму првично за МИА информираат дека момчето моментално е на рентген снимање.
Инаку од ноември лани расипан е компјутерскиот томограф поради што во вакви итни и други случаи за жал во велешката Општа болница не може да се изврши снимање на повредени во сообраќајќи и други несреќи, но и за останатите пациенти поради што се препраќаат во болниците во Скопје, Штип и Битола.
Ново на Сител
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра