Живот
12. November 2015 - 15:13

Под Њујорк откриенa гробницa стара 200 години

При копање на канал за поставување нови водоводни цевки под паркот „Вашингтон“ во Њујор, работниците откриле две гробници стари околу 200 години, објави „Гардијан“.

Веднаш по откритието биле повикани археолози, кои ги отвориле гробниците што се наоѓале еден метар под земјата, под плочникот на источната страна на паркот „Вашингтон“.

Археолозите знаеле дека „некаде под Њујорк“ постои гробница, но не знаеле каде точно се наоѓа.

- За една знаевме, но втората гробница не ја очекувавме, изјави археологот Алиша Лурија.

Во првата гробница имало 20 дрвени ковчези, од кои некои на себе имале плочки со имиња и датуми. Втората гробница била одвоена од првата со врати, па нејзината содржина ќе се испитува со посебни инструменти.

Според некои проценки, под Њујорк се наоѓаат илјада гробови.