-->
-->
Почнуваат квалификациите за ЕП Хрватска 2018
-->
Со десетте натпревари што се играа попладнево и вечерва почнуваат квалификациите за Европското првенство во ракомет што во 2018 година ќе се одржи во Хрватска. 28 репрезентации се поделени во 7 групи, а двете првопласирани и најдобрата третопласирана селекција од сите групи ќе изборат пласман на шампионатот.
Распоред на натпреварите од 1.коло:
Група 1: Унгарија – Летонија (среда) ; Данска – Холандија (четврток).
Група 2: Белорусија – Романија (среда); Полска – Србија (четврток).
Група 3: Австрија – Финска и Шпанија – БиХ (среда).
Група 4: Македонија – Украина и Исланд – Чешка (среда).
Група 5: Словенија – Швајцарија и Германија – Португалија (среда).
Група 6: Русија – Словачка (среда) и Шведска – Црна Гора (четврток).
Група 7: Норвешка – Белгија (среда) ; Франција – Литванија (четврток).
Хрватска како домаќин како има обезбедено директно учество, а титулата ја брани репрезентацијата на Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За еден месец изгорени над 400 хектари шума во Националниот парк Шар Планина
-
Во март зголемени потрошувачките, станбените, автомобилските и кредитите на тековните сметки
-
Приведен 20-годишник кој бил баран со потерница поради бегство од Затворот Гевгелија
-
Боки 13 бара повторено судење за „Рекет“ - има докази со кои ќе покаже каде завршиле парите од чантата Луј Витон
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп