-->
-->
Почнува примената на новиот возен ред на ЈСП „Скопје“ за дел од автобуските линии во главниот град
-->

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги известува корисниците на јавниот превоз дека од 4 април (сабота) ќе почне примената на нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во главниот град.
-Со измените се врши усогласување на возниот ред со Одлуката за интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници во градот Скопје, со цел унапредување на организацијата и ефикасноста на јавниот превоз, соопшти претпријатието.
Информации за изменетиот возен ред, вклучително и за статичниот возен ред по линии и возниот ред по постојки, кој ќе се применува од задутре ќе бидат достапни на официјалната веб-страница на ЈСП „Скопје“: https://skopjebus.mk/mk .
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп тврди дека Иран „финансиски колабира“ поради затворањето на Ормуската Теснина
-

Димитриевски со седум одбрани најзаслужен за бодот на Валенсија
-

Наполи со голема казна за Лукаку, фудбалерот пред заминување
-

Најмногу дожд во Маврово - 48 литри на квадрат
-

Мицкоски во Виена на средба со австрискиот канцелар Штокер и на бизнис форум
-

Најмалку едно лице загина во експлозија во хрватскиот град Сплит
-

Бизнис Лидер Conference & Awards 2026 - Признание за оние што ја движат економијата напред
-

Ден на планетата Земја
