Бизнис
28. јуни 2017 - 20:16

Почнува исплатата на 25 милиони евра субвенции за тутунот

Почна исплатата на субвенциите за тутунот. На сметките на производителите ќе легнат вкупно 25 милиони евра. Во министерството  за финансии се испратени сите налози. По шестмесечното одлагање заради изборните процедури и едномесечната блокада заради административни проблеми во АД Водостпанство, попладнево и утре тутунарите ќе можат да ги подигнат парите.

Николоски посочи дека приоритети остануваат зголемувањето на земјоделските површини и приносите како и подобрување на квалитетот на земјоделските  производи.

Во однос на земјоделските политики денес реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Го повикаа министерот да ги прифати предложените мерки за обештетување на производителите на праски.

Владата претходно донесе одлука да додели дополнителни 6 денари по килограм откупени праски.