Бизнис
13. November 2019 - 8:20

Почнува 8. самит „Македонија 2025“

Во Скопје од денеска до петок ќе се одржи осмото издание на самитот „Македонија 2025“, водечка регионална платформа за споделување знаења, поврзување бизниси и инспирирање промена во Југоисточна Европа.

На тридневната програма на самитот се 10 панел-дискусии и засебни тематски сесии, на кои се најавени 50-тина говорници од државава и странство.

Во фокусот на самитот се иновациите и нивното влијание во заштитата на животната средина, иднината на работните места и вештините.

Најавени се дискусии и за глобалните економски и геополитички трендови, можностите за финансирање мали и средни претпријатија, семејните бизниси, успешните македонски дигитални платформ-компании…