Бизнис
12. December 2018 - 22:16

Почнаа рударските работи на Боров Дол

Започнаа рударските работи на новото рудно наоѓалиште за бакар „Боров дел“, на тромеѓето меѓу Конче, Штип и Радовиш. За да се дојде до рудата потребно е да се исчисти 13 милиони тони јаловина, што значи дека со експлоатација на руда ќе се започне во месец април 2020 година.

- Ние во рудникот „Бучим“ имаме рудни резерви, моментално утврдени 3,5 милиони тони.. Тоа е доволно за работа на 8 месеци во 2019 година-изјави НИКОЛАЈЧО НИКОЛОВ, УПРАВИТЕЛ НА „БОРОВ ДОЛ“

За да нема застој во работењето на рудникот, кој може да доведе до одлив на кадарот, ќе се експлоатира и посиромашна руда. Во меѓувреме ќе се гради и транспортна трака во должина од 7 км.

- Веќе се започнати подготвителните работи, имаме склучено договор за изградба на регионален пат во должина од 4,5 км. плус овде во концесискиот простор- додаде Николов

Според истражувањата, новото рудно тело има рудни резерви од околу 48 милиони тони бакар, што е доволно за продолжување на работниот век на рудникот за дополнителни 10 години, а предвидени се и нови 100 вработувања.