Македонија
20. September 2019 - 16:20

Почна уривањето дивоградби во Охрид - прв на мета објект во фаза на карабина

Започна акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид.Прв на тапет се најде објектот на улицата Марко Несторовски во Влашка маала во сопственост на физичко лице, кој е во фаза на карабина

за кој претходно било издадено решение за уривање. Роднината на сопственичката  на куќата Јуџел револтиран вели наместо да се рушат објектите покрај кејот се удира по сиромаштијата додавајќи дека на овој начин нема да се реши проблемот со дивоградбите во градот.

Од општина Охрид преку соопштение појаснија дека најавената акцијата за уривање на дивоизградени објекти е во согласност со законските процедури и Акцискиот план за постапување по препораките од последниот состанок на Комитетот за заштита на светското културно и природно наследство на УНЕСКО.

Според предвиденото, во акцијата за уривање, паралелно ќе бидат отстранувани дивоизградени објекти кои што се во тек на израдба и оние дивоградби кои се опфатени со регистарот,  изградени во периодот од 2006-та до 2019-та година.

Пред  десетина дена на овој објект беа уапсени неколку работници кои   и покрај поставената жолта лента од страна на опшинскиот инспекторат тие изведувале градежни работи.

Неофицијално изведувач на градбата е фирмата Нефи Ик на советникот Нефи Усеини.

Инаку Од локалната уште еднаш ги повикаа сопствениците на дивоизградени објекти, да постапат согласно добиените решенија во спротивно отстранувањето ќе го изврши општината, а трошоците ќе ги сносат самите лица.