Македонија
1. April 2017 - 8:55

Почна сезоната на изнајмување велосипеди во Скопје

Од денеска секој ден во периодот од 7 до 22 часот на пет локации во Скопје граѓаните ќе можат да изнајмат велосипед по цена од 10 денари за час, информираат од Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје.

Велосипедите ќе можат да се изнајмат во  катната гаража „Македонска Фаланга“, јавните паркиралишта Градска општа болница и Градска општа болница „8 Септември“, јавната површина наменета за паркирање зона Д3 позади ТЦ Бисер во општина Аеродром и јавното паркиралиште Треска.

- Целта на проектот  „Изнајми велосипед“е да се подигне нивото на еко свеста кај граѓаните, да се намали градскиот метеж, како и да се подобри социјалниот живот на граѓаните, велат од ЈП Градски паркинг.

Оттаму информираат дека од утре ќе бидат пуштени и електромобилите кои ќе бидат поставени на плоштадот Македонија, кај споменикот „Воинот на коњ“ со цел туристичко разгледување на централното градско подрачје и културните знаменитости.

- Цената за едно лице, за едно возење изнесува 50 денари, а капацитетот на едно возило е четири лица (3+1-возач), посочуваат од ЈП Градски паркинг.