Почна расчистувањето на остатоците од пожарот во „Глобал“

Со специјализирани машини за чистење и возила за подигање на сметот, ЈПКД „Комуналец“ утрово почнаа со расчистување на остатоците од големиот пожар во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Според директорот на претпријатието Зоран Горгиев, ангажирани се 70 вработени кои работат на подигање на остатоците.
– Се надеваме дека до петок ќе завршиме со чистењето и веднаш потоа треба да почнат работите на санирање и изградба на деловите кои беа зафатени од пожарот, рече Горгиев.
Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица, инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување и припадници на крим техника при МВР вчера го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица.
Во пожарот, кој избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот.
Ново на Сител
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
-

Скопското Кале ќе биде прогласено за културно наследство
-

Оризовите стрништа го палат алармот кај пожарникарите
-

Од 20 - 30 питачи од најмала возраст во Oхрид
-

Општина Струмица ја покрива Шапкар со земја за да го намали ризикот од пожари
-

Преглед на вестите од светот
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
