Македонија
31. August 2018 - 13:03

Почна Прилепскиот џес фестивал

По 7-ми пат, во наредните 3 дена прилепската публика ќе има можност да ужива во звуците на џезот. Започна „International Prilep Jazz Weekend“ на кој ќе настапат повеќе музучари од Македонија и странство. После скопскиот прилепскиот џез фестивал е еден најголемите и најдобрите во Македонија.

„Критиката на публиката и критиката на оние што настапувале ни дава стимул да го развиваме и понатаму, се разбира како што напредува џез културата и џез музиката во светот, секогаш е поинвентивна и послободна, па така и ние го следиме тој тек и еден од идните планови е да влези и во европската џез мрежа“, истакна Снеже Ристеска, советник за култура во Општина Прилеп.

Досега настапиле многу познати имиња во џезот од Балканот, Европа и Македонија. Годинешниот фестивал го отвори Kekko Fornarelli Trio од Италија.

„Ова е мој прв пат да бидам тука во Македонија и секогаш е убаво да откриеш нови реалности, патувајќи околу светот, затоа што знаеме дека ова е регион кој е многу интересен за музика и исто така е убаво да се споделува нашата музика на вашиот народ“ рече Kekko Fornarelli, музичар од Италија.

Прилеп за овие 7 години веќе изгради публика која знае да ужива во овој вид на музика.

„Редовен посетител сум и мислам дека веќе Прилеп има добра џез публика и неколку џез клуба низ градот се добро посетени“, вели еден љубител на џезот од Прилеп.

„Има една група на љубители на џез музиката кои сакаат да слушнат нешто ново, поразлично што секојдневно го гледаме на нашата сцена“, кажа друг љубител на оваа музика.

Фестивалот во сабота го затвораат „Деца лоших музичара“.